Македонска ГНКА / Macedonian CSSA
  • Почетна
  • ГНКА
  • АКТИВНОСТИ
  • НОВОСТИ
  • КОНТАКТ

Граѓанско-научна космичка агенција на Македонија

Picture

Добредојде

Меѓународното КОСМИЧКО ДВИЖЕЊЕ (МКД)–Битола е меѓународна невладина организација која се залага за:
  • намалување на космичкиот јаз;
  • воспоставување на систем за правична дистрибуција на добробитта од истражувањето и употребата на космичкото пространство;
  • дисеминација на меѓународното космичко право, науки и технологии; и
  • пресметка на космички индекс.
Во рамки на својот мандат, МКД-Битола иницира основање на Национални КОСМИЧКИ ДРУШТВА кои ги обединуваат граѓанските ресурси во земјите без национални космички органи или тела, како што е примерот со Македонија, со главна задача да дејстуваат како граѓанска космичка агенција. Македонското КОСМИЧКО ДРУШТВО е првото вакво здружување основано од Меѓународниот комитет на МКД-Битола кое дејствува на територијата на Република Македонија под името Граѓанско-научна космичка агенција на Македонија.
Picture

Македонско КОСМИЧКО ДРУШТВО при МКД-Битола

Организации - основачи на Македонското КОСМИЧКО ДРУШТВО

Македонското КОСМИЧКО ДРУШТВО при МКД – Битола без поделби и предрасуди ги обедини сите македонски граѓански организации кои се активни во вселенските работи:

❖ МАКЕДОНСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВО (МАД) – Скопје;
❖ Здружение СКОПСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВО (САД) – Скопје;
❖ МИД – Македонско ИСТРАЖУВАЧКО ДРУШТВО – Скопје;
❖ Македонски СТУДЕНТИ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ ОД КОСМОСОТ (МК-СИРК) – Скопје.
​
Македонско АСТРОНОМСКО ДРУШТВО (МАД)
МАД е најстарото и најреномирано македонско астрономско здружение, основано во 1996 година. Како водечка национална организација ги обединува научниците и љубителите на астрономијата со мисија да ја афирмира оваа наука. МАД го издава „Астрономски алманах“, организира зимски школи, натпревари и јавни предавања, и активно ја развива астрономската култура. Актуелен претседател е доц. д-р Јана Богданоска.
Скопско АСТРОНОМСКО ДРУШТВО (САД)
САД е граѓанска организација формирана во 1998 година, која ги обединува љубителите на астрономијата од различни генерации. Нивната мисија е ширење и популаризација на астрономијата преку неформално образование, фотографии и јавни активности. САД е мост помеѓу науката и граѓаните, со активна домашна и меѓународна соработка. Актуелен претседател е Христијан Петрески.
Македонско ИСТРАЖУВАЧКО ДРУШТВО (МИД)
МИД е невладина и непрофитна организација основана во 2003 година, која спроведува интердисциплинарни и мултидисциплинарни истражувања во насока на одржлив развој, заштита на животната средина и зачувување на културното наследство. Од 2012 година, МИД е акредитирана членка во Комитетот за нематеријално културно наследство при УНЕСКО, а оваа година покренаа номинација за препознавање на “Етноастрономската карта на македонскиот народ”, како македонско духовно културно наследство. Актуелен претседател е Ванчо Стојкоски.
Македонски СТУДЕНТИ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ ОД КОСМОСОТ (МК-СИРК)
МК-СИРК е вселенска студентска организација основана во 2020 година како национално поглавје на глобалната SEDS мрежа. Како европска регионална канцеларија ги поврзува младите од Македонија со светските простори на наука и технологија. Преку едукативни и инженерски проекти ја промовира космичката наука. Организацијата ја издаде книгата „Инструменти на меѓународното космичко право“ во име на Обединетите нации а под патронство на МКД-Битола. Здружението моментално спроведува статусни реформи.

И ние, македонските граѓани имаме слобода за истражување на вселената и право на пристап до благодатите од проучувањето и ползувањето на космичкото пространство!

Picture

ВСЕЛЕНСКА ИНИЦИЈАТИВА ДО ДРЖАВНИОТ ВРВ

Бараме повторно вклучување на Македонија кон правниот режим на космосот и кон релевантните меѓународни организации, достоинствена примена на меѓународното космичко право во македонскиот поредок и утврдување на македонска надворешна политика за космичките работи на човештвото. 
ИНИЦИЈАТИВА
Picture

ЈАВЕН ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ И НАУЧНИЦИТЕ

Ги повикуваме сите граѓани, колеги, научници, професори, стручњаци, студенти, ученици, ентузијасти, пријатели и добронамерници на вселената да се приклучат и да го дадат својот придонес кон развојот на македонското мирољубиво истражување и употреба на космичкото пространство.
ПРИКЛУЧИ СЕ
Picture

ВСЕЛЕНСКО ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Бараме од надлежните органи да издвојуваат повеќе средства од Републичкиот Буџет за наука и образование, а просветните власти да ги поддржат напорите на МКД-Битола за воведување на вселенско образование и наука во македонскиот образовен систем.  
ПОДДРЖИ
 © 2020-2026 Меѓународно КОСМИЧКО ДВИЖЕЊЕ – Битола. Сите права се задржани во цел свет. 
Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • Почетна
  • ГНКА
  • АКТИВНОСТИ
  • НОВОСТИ
  • КОНТАКТ